CID

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА НАЦИОНАЛНА ОБУКА ЗА OБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Отворен е Повикот за учесници за Национална обука за Образование за човекови права. Националната обука се организира од Центар за меѓукултурен дијалог (CID) и Центар за човекови права и разрешување конфликти (CHRCR) во соработка со Директоратот за млади и спорт на Советот на Европа, во рамки на нивната програма за образование за човекови права.

Обуката се организра во два дела. Првиот дел се реализира во период од 1-6 јули 2012 во Пробиштип, додека вторниот дел е преку онлајн платформа за учење во период јули-септември 2012 преку менторство и практична работа.

Обуката има за цел развој на знаења и вештини на учесниците за концептот на образавние за човекови права, планирање и реализација на активнoсти за образование за човекови права со ученици и млади во училиштата и младинските центри во локалните заедници. Учесниците во текот на обуката ќе имаат можност да научат за различни прирачници и алатки посветени за образование за човекови права со ученици и млади. Обуката ќе се реализира според принципите на неформално образование и учење преку искуство.

Се очекува по обуката учесниците да бидат подготвени да реализираат активности со млади луѓе во своите заедници, односно во невладините организации, младински центри, училишта или институции од кои доаѓаат.

Заинтересираните учесници треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
•  Да се над 18 години
•  Да имаат основни познавања од човекови права
•  Да се во можност да учествуваат во текот на целата обука, и по обуката активно ќе учествуваат на онлајн платформата за учење и спроведување на активности
•  Да се студенти, наставници во основни и средни училишта, претставници на младински организации од Македонија
•  Да имаат основни познавања за организирање на образовна активност како на пример работилница
•  По завршување на обуката да се во можност за реализација на 4 едукативни работилници за ученици или млади

Повеќе информации се достапни во документите Повикот за учесници кој може да го најдете тука .

Формуларот за пријавување е достапен тука 

 

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 05-ти Јуни 2012 година, преку испраќање на пополнета пријава на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои се со искуство во работа со млади/ученици. Обуката ќе биде спроведена на македонски јазик, а дополнително ќе биде користен и англиски јазик, од страна на обучувачи и експерти од CHRCR, CID и Совет на Европа

За сите дополнителни прашања слободно обратете се на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , телефонски број 078 350 598

 

 

STAY UPDATED WITH OUR NEWS

If you would like to stay updated with our latest news and sending opportunities enter your e-mail
Thank you!

Wish to go abroad?

Click here and find out how

 

 

 

 

You are here  : Home